- Advertisement -
Кревање на свеста и зајакнување на капацитетите на локалните заедници да бидат подобро подготвени да препознаат дезинформации и да се борат со нив има за цел дигиталната платформа jasno.mk креирана во партнерство на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), што ќе биде промовирана денеска во Скопје.
Платформата, како што е најавено, ќе ја претстават постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.
- Advertisement -
На дигиталната платформа ќе бидат пласирани нови медиумски содржини со чија подготовка ќе се подобри интеракцијата на релација новинари – граѓани за придонес за теми од локално значење.
Фото – Pixabay
- Advertisement -