ВИДЕО: Еве каде вози најбавниот воз во светот

- Advertisement -

Во Швајцарија, земја која е заљубена во својата железница, Glacier Express е најпопуларниот, но и најбавниот воз во светот. То поминува на 291 км пруга, поминува преку 291 мост, 91 тунел и се искачува на врвот на преминот Обералп на 2.033 метри висина.

ПАтувањето трае осум часа. Непосредно по излезот од Сент Мориц, возот патува нис светското наследство на Абула, заштитено од УНЕСКО. ПАтниците во возот Glacier Express не можат ни на момент да се одделат од своите телефони и камери затоа што атракциите долж рутата се нанижени како бисери: планински шуми, алпски ливади, потоци, вијадуктот Ландвасер, заштитената од УНЕСКО Абула, Рајнската клисура, преминот Обералп со своите езера, глечери и врвови. Glacier Express, исто така, поминува низ најдлабоката долина во Швајцарија, Николај. На крајот доаѓа во оштината Цермат, селото Матерхорн.

- Advertisement -

Возот има огромни прозорци и провиден кров за птниците максимално да уживаат во живописните пејзажи. Од возот можете да го видите и необичниот град Хур, без автомобили, кој често се опишува како најстарата швајцарска населба. Најубавиот поглед е на Рајнската клисура и на преминот Обералп.

Glacier Express нуди луксузен комфор и можност за првокласен ручек. Возот има големи и удобни седишта, а на располагање се и кабини од прва класа со уште поголем простор и удобност. Вагон-ресторанот служи швајцарска кујна, вклучувајќии и локални специјалитети како раклет и фонду, како и врвни вина.

- Advertisement -

Патувањето со Glacier Express може да се прилагоди на индивидуалните потреби, преку различни достапно опции. Можете да изберете да патувате во прва или стандардна класа, да го прекинете патувањето по потреба и да преноќите во некое од селата по пат.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -