Вајарот Џеф Кунс е првиот уметник чија уметност сега е изложена на Месечината

- Advertisement -

Благодарение на успешното слетување на вселенското летало Oddysey на површината на Месечината најскапиот уметник во светот сега може да се пофали дека негово дело е изложено на Месечината. Имено, скулптури на вајарот Џеф Кунс сега се првото уметничко дело направено од човек кое се наоѓа на Месечината.

Кунс направи носа серија скулптури наречена Месечева фаза, кои спакувани во стаклена кутија одлетаа во вселената со Oddysey. Лендерот Oddysey, пак, кој тргна на пат со ракетата Falсon 9 на Space X, слета на површината на Месечината и стана првото летало на приватна компанија на овој земјин сателит и прво американско летало на Месечината уште од крајот на мисијата Apollo“ пред половина век.

- Advertisement -

Сега се прашувате што изложил Кунс во стаклена кутија на Месечината? Кунс направил 125 мали скулптури од Месечината со пречник од околу 2 см. Наречени Месечева фаза, тие ги покажуваат 62-те фази од Месечината гледана од Земјата, како и 62-те фази гледани од вселената, и едно помрачување на Месечината.

    На секоај од скулптурите е испишано името на некоја битна личност од човечката историја. Кунс ја добил инспирацијата од Месечината како симбол за љубопитност и одлучност, се вели во изјавата о неговата галерија.

    - Advertisement -

    Но, за да ја задоволи и љубопитноста на луѓето на Земјата, постои и комерцијална варијанта на овој проект на Кунс.

    - Advertisement -

    (N1)

    (фото: https://jeffkoonsmoonphases.com/)

    Сподели!
    - Advertisement -