ВИДЕО: Данска и Германија го спојуваат најдолгиот подводен тунел во светот

- Advertisement -

После повеќе од една деценија планирање, почна работата на најдолгиот подводен тунел во светот. Тунелот Фермарнбелт ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе се спушта до 40 метри под Балтичкото Море и ќе биде отворен во 2029 година.

Тунелот кој ќе биде долг 18 километри е еден од најголемите европски инфраструктурни проекти, а во него ќе бидат изложени над 7 милијарди евра, пренесува CNN.

- Advertisement -

Тунелот ќе поминува низ Фермарновиот појас меѓу германскиот остров Фермарн и данскиот остров Лоланд, а е замислен како алтернатива за моментална траекторна линија од Родби и Путгарден, која секоја година превезува милиони патници. На траектот му требаат 45 минути, а после изградбата на тунелот на воз ќе му бидат потребни 7 минути, а на автомобил 10 минути за од едната држава да премине во другата.

Тунелот, чиј официјален назив е Fehmarnbelt Fixed Link, воедно ќе биде и најдолгиот комбиниран тунел во светот, ќе има компоненти и за пат и за железница. Ќе се состои од два автопатишта, со две ленти, кои ќе бидат одвоени со премин и со две наелектризирани железнички пруги.

- Advertisement -

Денес ако одите со воз од Копенхаген до Хамбург ќе ви требаат околу 4,5 часа. По завршувањето на изградбата на тунелот патувањето ќе трае 2,5 часа. Многумина патуваат со авион на таа релација, но во иднина ќе биде подобро само да се седне во воз“, велат од данската државна компанија Femern A/S, која е задолжена за овој голем проект.

Проектот датира уште од 2008 година, кога Данска и Германија потпишаа договор за изградба на тунелот. Потоа требаа повеќе од 10 години за и двете држави да донесат посебни закони и да направат студии.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Femern screenshot)

Сподели!
- Advertisement -