Русија ќе забрани извоз на бензин на шест месеци

- Advertisement -

Рускиот премиер Михаил Мипустин ја одобри забраната на извозот на бензин на шест месеци, почнувајќи од 1 март. Привремената забрана на извозот не се однесува на договорените количини за испорака во земјите од Евроазиската економска унија, Монголија, Узбекистан, Абхази и Јужна Одисеја,

Потпретседателот на владата на Русија, Александар Новак, му се обрати на премиерот со предлог да се воведе привремена забрана. Новак во писмото наведе дека сезонската побарувачка за гориво наскоро ќе порасне на домашниот пазар, пренесува Reuters.

- Advertisement -

Минатиот септември Русија воведе забрана за извоз на гориво – освен во Белорусја, Казахстан, Ерменија и Киргистан – за да се избори со високите домашни цени и недостигот. Речиси сите тие ограничувања потоа беа укинати до ноември.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -