XpreSole Panto се водоотпорни чизми направени од кафе

- Advertisement -

Обувките се огромен извор на отпад. Околу 8 милијарди луѓе в светот поседуваат повеќе пара обувки, па депониите се преполни со обувки кои се главно направени од нафта. Друг производ кој се користи секојдневно, кафето, исто така придонесува за зголемување на глобалниот отпад со околу 25 милијарди килограми годишно.

Научниците признаваат дека иако зрната кафе изгледаат безопасни, кога ќе се најдат на депонија испуштаат гас метан, кој има стакленички ефект 28 пати поголем отколку јаглерод диоксидот. Имајќи го тоа на ум, компанијата за одржливи обувки Ccilu создаде линија водоотпорни чизми наречени XpreSole Panto, кои се направени од рециклирани зрна кафе и други еколошки материјали.

- Advertisement -

Чизмите XpreSole Panto се направени од зрна кафе кои се рециклирани од локалните кафулиња во Тајван. Технологијата која ја разви компанијата резултира со патентиран високотехнолошки материјал за обувки. Процесот на производство го минимизира отпадот од зрната кафе и ја намалува емисијата на метан и јаглерод диоксид.

Оваа иновација има потенцијал да остави голем ефект во светот затоа што за секој пар обувки се рециклираат 15 чаши кафе, кое се дехидрира и се меле, а потоа се претвора во пелети со користење на технологијата XpreSole. Материјалот потоа се претвора во ткаенина од која се прави облогата и внатрешниот дел од чизмите. Со технологија за правење калапи зрната кафе во форма на пелети се користат за надворешниот ѓон и за школката на чизмите. Тоа значи дека 1/3 од секоја чизма е направена од зрна кафе.

- Advertisement -

Компанијата вниматлно ги бира и другите материјали кои ги користи. На пример, за внатрешниот дел од ѓонот се користи пена ортолит, која е направена од рециклирана гума, а врвците се направени од рециклирани пластични шишиња.

Чизмите се произведени со особено внимание на одржкивоста, трајноста и разновидноста, Стиловите во коишто ги има може да се користат за разни прилики како кампување, за работа во канцеларија, прошетка во град и слично. Чизмите се водоотпорни, па затоа може да се носат и на дожд, а отпорни се и на кал и на прашина. Освен тоа, внатрешноста на чизмите впива влага и спречува создавање непријатем нирис. Чизмите може да се перат во машина и како што велат од компанијата, може да издржат до 100 перења.

- Advertisement -

XpreSole Panto ќе бидат достапни во четири неутрални бои. Може да се купат онлајн, во одредени продавници или во продавниците на Ccilu ширум светот.

(Inhabitat)

(фото: Xpresole Panto)

Сподели!
- Advertisement -