За 35% поевтино парно за фирмите, јавните и државните институции

- Advertisement -

За 35 проценти ќе се намали цената на парното греење но тоа ќе се однесува само за фирмите, јавните и државните институции. Ова го соопшти претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски кој рече дека на ваков чекор се одлучиле поради намалената цена на природниот гас, а додаде дека намалувањето ќе се однесува за месец февруари односно сметките кои ќе ги добијат на почетокот на март. Ова го правиме бидејќи досега овие потрошувачи немаа никакви субвенции, рече Бислимовски.

„Цената на топлинската енергија за потрошувачите во градот Скопје пред се за деловните корисници, основните училишта, градинките малите дуќанчиња ја намаливме за 35 проценти. Оваа одлука се базира заради намалените трошоци за природен гас. На сите овие потрошувачи кои што во изминатиот период немаа никаква субвенција да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија.“, вели Бислимоски.

- Advertisement -

реклама

Намалување на цените нема да има за домаќинствата, бидејќи, како што истакна Бислимовски, нивните сметки се субвенционирани од државата. Евентуална корекција на сметките најави во јули.

- Advertisement -

„Во изминатите 3 години од кога е започната енергетската криза во делот на топлинската енергија околу 20-ина проценти од трошоците се субвенционирани од страна на Владата и тоа продолжува и во текот на оваа грејна сезона. Вообичаено во текот на јули како што правиме до сега ќе донесеме нови одлуки за цената на топлинската енергија на домаќинствата.“, изјави Бислимоски.

Сподели!
- Advertisement -