Adobe претстави алатка за генерирање музика од текстуален опис

- Advertisement -

Американската софтверска компанија Adobe, во соработка со истражувачи од Универзитетот на Калифорнија, ги претстави својот нов проект во сферата на генеративната вештачка интелигенција, наменет за создавање музика и аудио содржини од текстуален опис.

„Со Project Music GenAI Control, генеративната вештачка интелигенција станува ваш ко-креатор. Таа ќе им помага на луѓето да креираат музика за нивните проекти, без разлика дали се радиодифузери, подкастери или кој било друг кому му треба аудио со соодветно расположение, тон и должина“ – објаснува Николас Брајан, виш истражувачки научник во Adobe Research и еден од креаторите на технологијата.

- Advertisement -

Корисниците можат да ги компонираат своите звучни дела со внесување описи како што се „моќен рок“ или „среќен танц“, а вештачката интелигенција ќе генерира целосно нови снимки врз основа на тие упатства. Алатката, исто така, нуди можности за фино подесување и уредување, овозможувајќи им на корисниците да ги ремиксираат, преобликуваат и да ги усовршуваат своите аудио креации со прецизност.

Едноставниот интерфејс значи дека прилагодувањата на темпото, структурата и интензитетот на звучната содржина можат да се направат со само неколку кликања, што го прави уредувањето музика исто толку лесно како уклучување на филтер за фотографии.

- Advertisement -

Според Николас Брајан, овие алатки го издигнуваат генерирањето аудио на ниво на Photoshop со тоа што на креативците им даваат ист вид контрола да ги обликуваат, дотеруваат и уредуваат нивните звучни содржини. „Тоа е еден вид контрола на ниво на пиксели за музика“ – посочува Брајан.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -