Погледнете како изгледа соларната куќа Tesla tiny house која е на турнеја во Австралија

- Advertisement -

Иновациите и концептите на компанијата „Tesla“ веќе подолго време го привлекуваат вниманието на светската јавност. Поради нив електричните автомобили сега се посакувани и секси, соларните покриви се поевтини од обичните, а нивните џиновски батерии ќе ги заштедат преостанатите резерви на фосилни горива.

Компанијата ја претставува нивната соларна куќа Tesla tiny house во Австралија. Куќата е опремена со џиновска батерија Powerwall, 6 соларни панели на покривот, а ја влече најновиот модел електричен автомобил на Tesla, Model X. Куќата ќе се вози по Австралија до крајот на ноември. Целта на турата е да се демонстрира од прва рака како да се интегрира Powerwall и соларната енергија за целосно напојување на домовите 24/7.

- Advertisement -

(TreeHugger)

Сподели!
- Advertisement -