Британска компанија која се занимава со неуронаука направи револуционерен уред кој помага да се отстранат предменструалните болки. Компанијата Samphire Neuroscience дизајнираше лента за коса која ги модулира таквите болки.
Лентата се вика Nettle, а функционира така што емитува електрични пулсирања со слаба јачина на специфични делови од мозокот кои се одговорни за болката и регулирање на расположението.
Таргет-корисници на Samphire Neuroscience се жените со предменструален синдром или ПМС или жените со посериозно предменструално пореметување. Тие синдроми вклучуваат промени на расположение, депресија и замор во текот на деновите пред менструацијата, покажуваат податоците на Националната здравствена служба на Овединетото Кралство.
Емили Радајт, која е соосновач на Samphire Neuroscience, вели дека идејата ја добила од сопственото искуство со ПМС и од истражувањето на депресијата. Таа вели дека предменструалната болка е толку широко распространета и занемарена што сакала да дознае повеќе за неуронауката и да создаде нешто што не е видено досега.
Радајт вели дека тие што учестувале во тестирањето веќе по 20 минути носење забележале резултати. Samphire Neuroscience досега има добиено 2,3 милиони долари инвестиции од инвеститори во Обединетото Кралство, Австралија и од балтичките земји. Како што вели Радајт, парите ќе ги искористат за лансирање на производот подоцна годинава.
(Euro News)
(фото: Flickr)