Астрономи по прв пат открија водени светови надвор од Сончевиот систем

- Advertisement -

Ловците на егзопланети објавија дека листата со нам познати егзопланети е побогата за две нови планети – и тоа водени планети. Истражувањето за планетите е објавено во научното списание Nature Astronomy.

Астрономите ги идентификувале двете планети, за кои изгледа дека се прекриени со вода, со помош на вселенските телескопи Hubble и Spitzer на НАСА. Технички гледано, двете егзопланети во минатото ги пронашол и телескопот Kepler (од каде што доаѓа и нивното име), но научниците дури сега велат дека имаат потврда за тоа каков е нивниот состав.

- Advertisement -

Двете егзопланети се наречени Kepler-138 c и Kepler-138 d, а се наоѓаат во ѕвезден систем оддалечен околу 218 светлосни години од Земјата. Тие кружат околу матни, црвени џуџести ѕвезди. И двете се отприлика 1,5 пати поголеми од Земјата и може да се пофалат со маса отприлика двапати поголема од масата на нашата планета.

Претходно се мислеше дека планетите кои се малку поголеми од Земјата се топки од метал и камен и затоа се нарекуваа суперземји, но сега е докажано дека овие две планети имаат прилично различна природа: голем дел од нивниот вкупен волумен веројатно отпаѓа на вода, вели Бјорн Бенеке, коавтор на студијата и професор ан Универзитетот Монтреал.

- Advertisement -

Ова, воедно, е прв пат некој со сигурност да идентификува егзопланети како водени светови, за кои Бенеке вели дека се еден вид планети за кои астрономите подолго време теоретизираат дека постојат.

Сепак, научниците не очекуваат тие водени светови да имаат вообичаени океани. Температурата во атмосферата на Kepler-138c и Kepler-138d веројатно е над точката на вриење на водата, а се очекува и густа атмосфера од пареа на тие планети. Само под таа атмосфера на пареа би можело да има течна вода под висок притисок илу друи вода во друга фаза која се јавува при високи притисоци, а која се нарекува суперкритична течност.

- Advertisement -

(CNET)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -