Наградени најдобрите учеснички во „Предизвик за средношколки“, проект на ЕВН Македонија

- Advertisement -

ЕВН Македонија го закружи својот предизвик за средношколки „Приклучок за вештини“ со доделување награди на најдобрите учеснички, симболично на Меѓународниот ден на жената. Во овој предизвик беа вклучени ученички од 3 и 4 година од сите средни училишта кои се желни да научат повеќе, да ги развијат своите способности во техничкиот сектор и да ги покажат своите квалитети преку разни проекти.
Првонаградените и од тимскиот и од индивидуалниот предизвик добија парични награди од по 100.000 денари, второнаградените се здобија со нови лаптопи, а третонаградените со таблети.
За време на настанот, на средношколките им се обрати Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и менаџерот во ЕВН Македонија Електрани, г-дин Сашо Стојкоски.
Од пријавени 80, во проектот учествуваа над 50 ученички кои добија осум неделна платена обука за развој на дигитални вештини и беа поканети да учествуваат на обука за комуникациски вештини и вештини за соработка. Тие исто така учествуваа на работилница за ефикасно креирање содржини на веб-страници и имаа можност да се сретнат со жени менаџери, како и со вработени во компанијата. Покрај тоа, ученичките се стекнаа со дополнителни знаења за енергија, особено од обновливите извори.

Сподели!
- Advertisement -