Повеќе од 443 милиони години здрав живот се изгубени поради пореметувања на нервниот систем во целиот свет во 2021 година. Тоа е зголемување од 18% во однос на 1990 година, покажа ново истражување.
Пореметувањата во нервниот систем како што се мозочните удари,мигрената и деменцијата ги надминаа срцевите болести, и станаа водечка причина за лошо здравје во светот, покажа новата голема студија објавена денес.
Над 3,4 милијарди луѓе, односно 43% од светската популација имале некоја невролошка состојба во 2021 година, што е полошо отколку што се мислеше досега, покажа истражувањето.
Студијата ја спровеле научници предводени од американскиот Институт за мерење и проценка на здравјето, кој стана глобална референца за здравствена статистика.
Бројот на случаи со такви пореметувања се зголемила 59% во последните три децении, а зголемувањето главно е поттикнато од фактот дека светската популација старее и брзо се зголемува бројот на луѓе.
За студијата научниците проучувале 37 различни невролошки состојби и како влијаеле на здравјето во 204 земји во периодот од 1990 до 2021 година.
(Zimo)