Huawei во 2023 година поднел барање за дури 5.071 патенти

- Advertisement -

Од Huawei се пофалија дека во 2023 година поднеле барање за дури 5.071 патент, со што си ја задржуваат позицијата на најголем подносител на патенти. После нив на второ место следува Samsung, па LG, Qualcomm и Ericsson.

Во споредба со лани има зголемување на вкупниот број на поднесени патенти за 2,9%, на вкупно 199.275 пријави на патенти до EPO. Главната причина за овој раст се дигиталните комуникации, медицинската технологија компјутерската технологија, додека најголем пораст е забележан на полето на електричните машини, апаратите и енергијат (+12,2%), што ја вклучува и технологијата за чиста енергија како што се батериите (+28%).

- Advertisement -

Од Huawei потсетуваат дека минатата година со Xiaomi потпишаа глобален договор за зедничко лиценцирање патенти, кој ја покрива и комуникациската технологија од типот на 5G. Исто така, со Nokiа го продолжија договорот за лиценцирање патенти. Дополнително, Huawei и Ericsson во 2023 година потпишаа дологорочен глобален договор за меѓусебно лиценцирање патенти, кој покрива патенти битни за широк распон на стандарди како што се 3GPP, ITU, IEEE и IETF стандардите за 4G и 5G мобилна технологија.

Во февруари годинава Huawei на саемот во Барселона претстави комеррцијализација на 5.5G стандардот, кој дополнително ќе го отклучи потенцијалот на мобилните мрежии да отвори нови прилики за раст на телекомуникациската индустрија. 5.5G ќе биде клучна пресвртница во еволуцијата на 5G мрежата и дополнително ќе го збрза развојот и користењето на мобилните услуги.

- Advertisement -

Европската канцеларија за патенти, со седиште во Минхен, игра клучна улога во поддршката на иновациите и заштитата на интелектуалната сопственост во Европа.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -