Како што се наближува враќањето на луѓето на Месечината во 026 година нашиот природен сателит станува се поинтересен како терен за новата студена војна затоа што Русија и Кина, од една страна, и САД и ЕУ од друга веќе направија свои планови за градење на постојани бази на Месечината.
Освен станбени, истражувачки и воени објекти, за остварување на доминација на Месечината ќе биде потребна и транспортна инфраструктура, па затоа американската воено-научна агенција DARPA веќе ја избра компанијата Northrop Grumman за развој на концепт на железничка мрежа на Месечината, како дел од поширокиот 10-годишен план за лунарна инфраструктура.
Замислената мрежа на линарни железници би можела да превезува луѓе, залихи и ресурси и да придонесува за вселенската економија за САД, ЕУ и меѓународни партнери, велат од компанијата во соопштението.
Од Northrop Grumman, DARPA бара да ги дефинира интерфејсите и ресурсите потребни за изградба на лунарна железница, да направи пресметка на предвидените трошоци, да ги пресмета технолошките и логистичките ризици, да ги идентификува прототиповите, да направи демонстрација и анализа на концептите и на архитектурата на целосно оперативна лунарна железница.
Покрај тоа, од компанијата се бара да развие концепти за конструкција и управување на системот со помош на роботи, вклучуваји подготовка на темели, поставување на пруги, спојување и завршна обработка, прегледување, одржување и поправки.
Од Northrop Grumman велат дека оваа инвестиција во клучното развојно истражување ја става нивната технологија на чело на решенијата за идните генерации. Со нивното докажано искуство во интеграцијата на сложени системи и комерцијализирани автономни услуги ќе продолжат да создаваат одржлив вселенски екосистем, велат оттаму.
(Vidi.hr)
(фото: Pexels)