ВИДЕО: Грамофонски плочи од шеќерна трска

- Advertisement -

Британски стартап почна со производство на еколошки прифатливи грамофонски плочи без пластика. Иако денес дистрибуцијата на музика во најголем дел го преземаат стриминг сервисите, грамофоските плочи се уште присутни, а според последните истржувања, нивната продажба е во пораст на некои пазари како што е САД, каде што минатата година биле продадени околу 50 милиони винилни плочи.

Но, порастот на продажбата на плочи има и негативно влијание на околината, затоа што се производи од пластика, па британскиот стартап Evolution Music одлучи да ја смени изработката на плочи со зелен алтернативен материјал – шеќерна трска.

- Advertisement -

Тие плочи, наречени EvoVinyl, се направени од шеќерна трска со додаток на неколку природни врзивни средства и бои, а Evolution Music во иднина планира да користи само природни состојки од органско регенеративно земјоделство.

Освен замената на пластичните материјали со природни, овие плочи се еколошки поприфатливи и поради ниските температури на кои се пресуваат, како и поради 50% помалку време за производство,што значи и заштеда на околу 30% енергија во споредба со плочите од винил.

- Advertisement -

Како една од предностите на новите плочи компанијата ја наведува и можноста за рециклирање, затоа што сите плочи EvoVinyl кои ќе го завршат својот живот во ѓубре може да се рециклираат или да се разградат во индустриск фабрика за компостирање.

Освен тоа, љубителите на грамофонски плочи нема да мора да купуваат нови грамофони затоа што плочите од шеќерна трска може да се користат на стандардните грамофони.

- Advertisement -

Како и зошто настанале EvoVinyl плочите може да видите од ова видео.

(Vidi.hr)

(фото: Pick Pik)

Сподели!
- Advertisement -