Колку повисока плата во Македонија толку поголема желба за иселување надвор – Истражувањето покажува дека од земјава си одат високобразованите луѓе

- Advertisement -

Иако навидум ние како Македонци се соочуваме со миграции и иселување заради подобра работа, големото меѓународно истражување кое го спроведе групацијата Алма Кариера, сопственици на најголемите сајтови за вработување меѓу кои и македонскиот сајт Вработување.ком , покажа дека секој трет човек во Европа е подготвен да се исели заради подобра работа. Истражувањето е спроведено во 13 источноевропски земји со 76.357 одговори.

Најмногу подготвени за преселба заради работа се вработените со поголеми приходи и повисоко образование (29%). Истите тие во најголем процент би се иселиле заради работа во својата професија (55%). А можност за преселба со семејството (60%) и потенцијалот за финансиска добивка (60%) се главните мотиватори за работа во странство.

- Advertisement -

Македонците пак  се оние кои најмногу размислуваат да се иселат од сопствената земја заради подобра работа, а потoа се Естонците, најмалку својата земја заради подобра работа би ја напуштиле Бугарите!

Во истражувањето учествуваа Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Хрватска, Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Полска, Србија, Словачка и Словенија – а истражувањето е направено со цел  да се  утврди колку луѓе се подготвени да се релоцираат за подобра работна можност. Истражувањето беше спроведено преку Пејлаб, меѓународната платформа за плати развиена од Алма Кариера.

- Advertisement -

“Нашата хипотеза беше дека луѓето со помали приходи и пониско образование би биле најзначајните групи заинтересирани за релокација во нова земја за подобра работна можност. Истражувањето пак покажува дека спротивното е вистинито, што повисоко е образованието и поголем е платата, толку повеќе се склони топ-вработените да се релоцираат во својата професија,” заклучува генералниот директор на Алма Кариера од Финска, Веса-Пека Кирси. Па вели:

“Изгледа дека најобразованите и најплатени вработени кои се подготвени за преселба не се склони да го направат тоа по секоја цена, тие само се склони да се релоцираат за релативно краток период од неколку недели или месеци, а како најбитен фактор им е можноста да ги земат своите семејства со себе.”

- Advertisement -

Резултатите за Македонија пак ги искоментира Генералниот менаџер на Вработување.ком Дарко Велков: – Сметам дека оваа ситуација е ваква бидејќи Македонците се свесни за политичката нефункционалост на Државата во изминативе 30 години и главната причина заради која би оставиле веќе добри позиции и високи плати сметам дека е исклучиво  заради подобра и поквалитетна иднина на своите деца. 

Платата и желбата за иселување

Луѓето со поголеми плати стануваат поголемиот број на работници кои излегуваат надвор во барање на работни можности (29%). Што е повисока платата, толку повеќе се склони да се релоцираат. Наспроти тоа, само 16% од луѓето во категории со помали приходи велат дека би размислувале за селење заради  работа.

Луѓето со постдипломоско образование не прифаќаат позиции со понизок ранг

Испитаниците со основно и средно образование се најотворени (53%)  за работа на  позиција со понизок ранг надвор од земјата од нивната во моментов, доколку би се релоцирале. Наспроти нив пак , лицата со постдипломски квалификации – магистерски степен (55%) и докторат (57%) – покажуваат најмала веројатност за релокација за позиции со понизок ранг надвор. Затоа, лицата со помало нивоа на образование изгледа дека се посклони кон релокација за кариерни можности, ако тоа значи прифаќање на позиција со понизок ранг од оној што го имаат во својата земја.

Кои фактори одбиваат или убедуваат за релокација?

Низ Централна Европа, Балканот и Балтичките земји  и Финскиот регион, перспективата за подобра плата е најубедлива причина за размислување за вработување надвор, со околу 59% до 61% од личностите кои го наведуваат тоа како клучен мотиватор. Вториот најубедлив аспект е шансата да се донесат членови на семејството, особено во Балтичките и Финските региони, каде што 42% го сметаат тоа за круцијално. Иако напредокот во јазикот и политичките или економските услови имаат помалку влијание, напредокот во кариерата и професионалниот развој се забележителни мотиватори. Сепак семејствата и потенцијалната финансиска добивка се главните мотиватори за луѓето кои размислуваат за работа надвор.

Најголемата пречка за работа надвор е да се биде одделен од пријателите и семејството за подолг временски период. Оние од Централна Европа се најзагрижени за овој проблем, каде 60% (55% од сите испитаници) од нив го гледаат ова како значајна пречка. Околу една петина од населението во овие области ги гледа јазичните бариери како препрека. Други забележителни проблеми вклучуваат загриженост за дискриминација на работното место и страв од прилагодување на нова средина. Иако проблемите поврзани со здравјето и патувањето се помалку чести, тие исто така допринесуваат во  општата несигурност за работа надвор. Овие забелешки подразбираат дека главните нешта кои можат да  ги спречат луѓето да ја искористат можностите за работа надвор се емотивните врски и проблемите во комуникацијата.

ТОП ЗЕМЈИ ЗА РЕЛОКАЦИЈА

Топ три земји за релокација во Европа се Германија, Австрија и Швајцарија. Интересно  е дека Шпанија е најпопуларна земја за релокација помеѓу Балтичките земји а Балканците ја одбираат Германија како ветена земја

 Еве листа на три најпопуларни земји за иселвање  меѓу оние луѓе кои се склони кон релокација:

  • Од Македонија најмногу би се иселиле во  Германија, Швајцарија и Словенија
  • Босна и Херцеговина: Германија, Австрија и Словенија
  • Србија: Германија, Австрија и САД
  • Хрватска: Австрија, Германија и Швајцарија
  • Бугарија: Германија, Шпанија и Велика Британија
  • Чешка: Германија, ЕУ и Австрија
  • Естонија: Финска, ЕУ и Шпанија
  • Латвија: Шпанија, Германија и Шведска
  • Литванија: Шпанија, Германија и Норвешка
  • Полска: Германија, Шпанија и САД
  • Словачка: Австрија, Чешка и Германија
  • Словенија: Австрија, Германија и Швајцарија

Каква работа  се преферира при иселување надвор?

Според извештајот, 48% од испитаниците од Чешка (CZ) и Македонија (MK) изјавиле дека 48% се отворени за било која работа што е достапна, што одразува флексибилен пристап кон работните можности надвор. Наспроти тоа, значајни 52% од испитаниците во секоја од овие земји изјавија дека би работеле исклучиво во својата област на експертиза.

Во Босна и Херцеговина (BA), изборот на работа во професијата се зголемува на 61%, со 39% кои се подготвени да разгледаат било која достапна работа. Слични трендови се забележани во Словачка (SK) и Србија (RS), каде 63% и 64% од испитаниците, пооделно, избираат вработување во нивните моментални области.

Естонија (EE) прикажува подготвеност од 66% за работа исклучиво во професијата, додека Полска (PL) има малку поголема стапка од 67%. Бугарија (BG) и Хрватска (HR) и двете преферираат процентуално 68%  работа исклучиво во професијата, што покажува силна желба за продолжување на кариерата според образованието.

Од друга страна, Латвија (LV) го забележува овој број како 70%, а Литванија (LT) уште повеќе  74%, што го покажува растечкиот тренд кон професионално напредување во изборот на работа надвор. Финска (FI) го зазема првото место на листата, со значителните 80% од индивидуите кои предпочитаат да работат само во својата професија, што го нагласува значењето на можностите за кариерен раст и напредување  за фински работници кои размислуваат за меѓународна релокација.

Жителите на Србија (RS) се  подготвени да разгледаат пониска позиција од нивната моментална, со 59% од испитаниците кои велат “да” кога се гледа од перспективата на позицијата што е пониска од онаа која испитаниците ја имаат во нивната домашна земја. Ова подразбира дека значајен дел од Србите се согласни со намалување на кариерниот раст ако  е потребно.

Спротивно од нив, само 17% од испитаниците во Естонија (EE) потврдиле дека би биле подготвени за таква промена. Ова покажува дека Естонците многу повеќе би сакале да ја задржат или напредуваат во нивниот моментален статус на вработеност, отколку да прифатат помала позиција.  Помалите проценти во земји како Словенија (SI) и Финска (FI), кои се 33% и 40%, покажуваат умерен степен на отвореност. Спротивно, земји како Бугарија (BG) и Хрватска (HR) покажуваат малку поголема спремност, со 44% и 46%.

Податоците го носат овој заклучок: Латвија (LV) со 51%, Северна Македонија (MK) со 53%, Босна и Херцеговина (BA) и Словачка (SK) со 55%, укажуваат на постепен раст на отвореноста за пониски позиции, како што одиме од Балтичките републики кон Балканот. Блиску до  нив е и Полска (PL) со  57% од испитаниците, кои рекоа дека би биле отворени за разгледување на пониска позиција од она во сопствената земја.

Подготвеноста за релокација за подобра работа варира меѓу земјите

Луѓето во Македонија (28%), Естонија (27%), Босна и Херцеговина (26%) се посклони за релокација заради подобра работа.

Подготвеноста за преселба за подобра работа варира меѓу земјите. Луѓето во Македонија (28%), Естонија (27%), и Босна и Херцеговина (26%) се најмногу подготвени за преселба повеќе од луѓето во Финска (20%), Словенија (16%), и Полска (17%). Само многу мал дел од испитаниците во Литванија (12%) и Бугарија (11%) се отворени за преселување надвор во потрага по вработување.

Заклучок

Луѓето кои се повеќе платени се со поголем интерес  да патуваат надвор во потрага по работни можности. Низ Централна Европа, Балканот, Балтикот и регионите на Финска, перспективата за подобра плата е најчестиот мотив за размислување за вработување надвор. Сепак, најголемата пречка за работа надвор е можноста да се биде одделен од пријателите и семејството за подолг временски период. Главните причини  кои можат да ги спречат луѓето да ги искористат работните можности  надвор се емотивните врски и проблемите во комуникацијата. Општо земено, луѓето се посклони  за преселба во некои земји повеќе од други (Северна Македонија 28%, Естонија 27%, Босна и Херцеговина 26%), додека луѓето во Финска 20%, Словенија 16%, и Полска 17% се помалку спремни да патуваат заради работа.

За истражувањето:

Истражувањето беше спроведено во период од 1 ноември 2023 година до 31 јануари 2024 година во 11 земји каде што Alma Career оперира: Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Србија, Словачка и Словенија. Податоците се собрани исто така од Бугарија и Полска, каде што Alma Career работи со партнери.

ЗА АЛМА КАРИЕР

Alma Career, https://www.almacareer.com/ – лидерот на пазарот во услугите за реrрутирање во 11 земји во Европа, се занимава со бизнис за огласување на работни места со понуда од преку 1,5 милиони работни можности, база на податоци со преку 4,3 милиони резимеа, скоро 2 милиони активни огласи за работа и преку 5 милиони посетители месечно. Alma Career нуди услуги за регрутирање базирани на податоци и технолошка иновација. Мрежата на Alma Career изнесува околу 80 милиони луѓе во Европа, приходот е 110 милиони евра со скоро 800 вработени  професионалци во Источна  и Централна Европа (2023 година).

Alma Career е глобална компанија со локални сајтови кои нудат огласи за работа; располага со суштинско знаење, долгогодишно искуство и културно разбирање на локалните пазари. Alma Career функционира во Босна и Херцеговина (mojposao.ba), Хрватска (mojposao.hr), Чешка, Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Македонија( https://www.vrabotuvanje.com.mk/), Полска, Словачка и Словенија. А работи и со свои партнери во Србија (poslovi.infostud.rs), како и во Бугарија.

Сподели!
- Advertisement -