Австриски експерти развиваат батерии од рециклирани материјали

- Advertisement -

Австриски научници од Австрискиот институт за технологија (AIT) се пионери со својата иновација на рециклирачки батерии. Ова истражување не е само уште еден напредок во технологијата, туку е и битен чекор кон одржлива иднина. AIT е познат по своите истражувања и иновации, а сега се занимава со изработка на батерии од рециклирани материјали. На овој амбициозен проект работат над 35 експерти во виенски Флоридсдорф.

Нивната цел е јасна – да направат батерии кои нема да бараат употреба на проблематични суровини како што се литиум, никел и кобалт. Старите батерии, кои моментално се рециклираат само 40%, ќе се користат заедно со алтернативни суровини, како што се отпад од рудници и силициум од соларни панели.

- Advertisement -

Се разбира, целта не е само производство, туку и создавање одржливо производство. Од AIT ја истакнуваат важноста на намалената употреба на ресурси како водата, струјата и гасот во производниот процес. Освен тоа, се истражуват и различни видови батерии, кои би можеле да најдат примена во различни полиња, како што се возилата и електричните скутери.

ЗАсега конкретните резултати од истражувањето и развојот се нејасни, но едно е сигурно – AIT и нивните партнери го насочуваат светот кон „зелени батерии“.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -