Компанија од Дубаи направи шолји за кафе од пустински песок

- Advertisement -

Инспирирана од дините, кои постојано менуваат местоположба и форма, компанијата Foundry одлучи да направи материјал кој ги има карактеристиките на пустинскиот песок, но претворен во форма по желба. Материјалот кој го создадоа- рамел, има способност да менува форма во функционални и естетски производи. Во чест на глобалната култура , компанијата направи чаша за кафе од тој материјал.

Со експериментално истражување компанијата се бори против комерцијалниот дизајн. Основана е во Дубаи. За дизајнот на шолјата за кафе компанијата го искористи ресурсот кој го имаат во изобилство во Обединетите Арапски Емирати – песокот.

- Advertisement -

Фокусот е ставен на скалабилноста на производниот процес. Дизајнерите направија композитен материјал кој е комбинација од визуелните, тактилните и изолациските карактеристики на песокот. Керамика, калциум, силикон, железо, алуминиум и магнезиум се само некои од елементите кои може да се најдат во пустинскиот песок, а во секоја пустина составот е различен.

Сподели!
- Advertisement -