На Меѓународниот саем за автомобили во Бангкок тајландската копанија Smarttech Motor ги претстави своите нови електрични моторцикли од линиите Felo и Rapid. Посебно атрактивен е големиот моторцикл Felo TOOZ, кој е наменет за долго возење, а е преполн со најсовремена технологија и со функции кои даваат удод=бност во текот на целото патување.
За TOOZ посебно истакнуваат дека може да помине до 720 км со едно полнење на батеријата и да постигне максимална брзина од 200 км/ч. Моторциклот поддржува TYPE2 полнење, а може да ја наполни батеријата од 20% до 80% во рок од 20 минути, а на неговиот TFT екран со големина од дури 12 инчи и е опремен со навигациски систем Navigator и поддржува поврзување на многу мултимедиски апликации. Неговиот TPMS систем, пак, ја зголемува сигурностасо ABS системот за кочење, во комбинација со системот за контрола на лизгањето.
Опремен е и со камери за преглед од 360 степени околу моторциклот, 6-канален систем од surround звучници, па дури и фрижидер од 8 литри. Покрај тоа, моторциклот има и V2L технологија, која може да ги користи батериите за напојување други уреди.
Уште не е познато која ќе му биде цената, ниту когаќепристигне на пазарот.
(Vidi.hr)
(фото:: Facebook)