ВИДЕО: Довршена најголемата дигитална камера во светот

- Advertisement -

После две децении работа, научниците и инженерите во Националната акцелераторска лабораторија SLAC на Министерството за енергетика на САД и нивните соработници го слават завршувањето на LSST камерата (Legacy Survey of Space and Time), која ќе го претставува срцето на опсерваторијата Вера Рубин, која ја финансираат Министерството за енергетика и Националната научна установа.

Камерата од 3.200 мегапиксели ќе помогне во истражувањата на вселената без шреседан. Во текот на десер години ќе се создаде огромна ризница од податоци за јужното ноќно небо, кое истражувачите ќе го анализираат за да добијат нови увиди во вселената. Тие податоци ќе помогнат во потрагата за разбирање на темната енергија, која покрнува забрзано ширење на вселената и потрага по таинствената темна материја, која сочинува околу 85% од материјата во вселената. Истражувачите планираат и даги користат податоците од опсерваториите за подобро да се разбере променливото ноќно небо, галаксијата Млечен пат и Сончевиот систем, како што објаснуваат во видеото во прилог.

- Advertisement -

Камерата е голема отприлика колку мал автомобил и тежи околу 3 тони, а нејзината предна леќа има дијаметар од 1,5 m, што значи дека тоа е најголемата леќа која било направена за таа цел Уште една леќа од 0,9 метри морала да биде дополнително дизајнирана за да ја задржи формата и оптичката јаснотија, а истовремено да ја затвори вакуумската комора, во која се наоѓа огромна централна рамнина на фотоапаратот. Таа централна рамнина се состои од 201 поединечно дизаиниран CCD сензор, а самите пиксели се широки само 10 микрони.

Сепак, најбитна карактеристка на камерата е нејзината резолуција, која е толку висока што би биле потребни неколку стотини телевизори со ултра висока резлуција за да прикажат само една од нејзините фотографии во реална големина, велат од SLAC.

- Advertisement -

„Фотографиите се толку детални што може да се препознае топче за голф на расојание од околу 24 км, додека покрива дел од небото седум пат поголем од Месечината. Тие фотографии од милијарди ѕвезди и галаксии ќе помогнат во откривањето на тајните на вселената“ велат оттаму.

Сега кога LSST камерата е довршена и темелно тестирана во SLAC, ќе биде спакувана и поставена во Чиле на високото брдо Серо Пачон во Андите. Кога ќе почне со работа, главната цел на камерата ќе биде мапирање на положбите и мерење на светлината на огромниот број објекти на ноќното небо. Од тоа понатаму истражувачите ќе можат да добијат мноштво информации. Можеби најбитно е тоа што LSST камерата ќе бара знаци на слаби гравитациски леќи, со кои масивните галаксии суптилно го менуваат патувањето на светлината од подалечните галаксии.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Vera C. Rubin Observatory)

Сподели!
- Advertisement -