Huawei прави сопствен оперативен систем за паметни телефони

- Advertisement -

На пазарот за мобилни оперативни системи со години владее тотална доминација на Android и iOS и сите обиди на конкурентите, вклучувајќи ги и гигантите Microsoft, Samsung и Firefox, се покажаа неуспешни, па моментално тешко можеме да замислиме нов оперативен систем кој би можел да го поремети овој дуопол. Но според, гласините кои се објавени минатата недела, кои ги пренесува Zimo, сопствен оперативен систем развива и Huawei.

Со развојот на овој оперативен систем кинеската компанија почна пред шест години, кога американската влада почна да го истражува Huawei. Кинеската компанија сакаше навреме да почне да се подготвува за потенцијалната нова ситуација во која на нивните паметни телефони повеќе нема да може да се користи Android. Тоа беше идејата на основачот на компанијата, Рен Женгфеи, кој сакаше да се осигура во случај на најлошо сценарио.

- Advertisement -

Ваквата ситуација со губење на лиценцата за Android и се заканува и на компанијата ZTE, која веќе има големи проблеми затоа што им е забрането да купуваат компоненти од американски компании, а проблемите на Huawei и американската влада продолжуваат и Американците упте истражуваат дали Huawei ги прекршил санкциите наметнати во Иран.

Интересно е што Huawei, наводно, не развива само мобилен оперативен систем за паметни телефони и табелти, туку и оперативен систем за персонални компјутери. Во случај да им се случи истото што и на ZTE, компанијата ќе биде многу поподготвена, но ако се случи веќе да не можат да користат Android, тоа за нив ќе биде голем удар, особено затоа што во последно време си ја зацврстија позицијата на пазарот како трета најголема светска мобилна компанија со големи амбиции и сака да ги престигне Apple и Samsung.

- Advertisement -

Што се однесува на мобилниот оперативен систем, според досегашните информации, тој не е доволно усовршен, а ако Huawei навистина го претстави, голем проблем ќе биде поддршката од програмерите, односно бројот на апликации кои ќе работат на тие телефони во однос на мобилниот оперативен систем на Google.

Сподели!
- Advertisement -