Светската атлетика најави дека олимписките шампиони во Парз ќе бидат наградени со 50.000 долари и ќе стане првиот спорт кој ќе воведе парични награди на Олимписките игри. Интернационалната организација за атлетика соопшти дека издвоила 2,4 милиони долари за исплатата на тие награди. Исто така, Светската атлетика најави и дека планира оваа пракса да ја прошири на освојувачите на сребрени и бронзени медали од Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
„Иако е невозможно да се стави пазарна вредност на освојувањето олимписки медали или на посветеноста и фокусот кои се потребни за дури и да се претстави својата земја на Олимписките игри, мислам дека е битно да се почне од некаде и да се осигураме дека некои од приходите кои нашите спортисти ги остваруваат на Олимписките игри директно ги враќаат на оние кои од игрите прават глобален спектакл каков што и се“ вели претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу.
Спортистите ќе мора да ги поминат вообичаените антидопинг процедури пред да ги добијат парите, велат од Светската атлетика. Олимписките игри во Париз треба да се одржат од 26 јули до 11 август годинава.
(Beta)
(фото: Wikimedia)