Овој месец ќе биде лансирана експериментална мисија на НАСА за истражување а соларно едро, која има за цел исптување на новата технологија за изработка на лесни и цврсти вселенски јарболи.
Идејата за соларни едра последните години полека се претвора од теорија во пракса, а освен независните организации како The Planetary Society, со неа се занимава и НАСА. Затоа, во текот на април со ракетата Electron на компанијата Rocket Lab од Нов Зеланд ќе биде лансирано нивното соларно едро Advanced Composite Solar Sail System.
Експериментот се состои од напреден систем на јарболи, направени од композитни материјали како флексибилни полимери и карбонски влакна. Цевките направени од таков материјал се поцврсти и полесни од досегашните споредливи кнструкции за соларни едра, лесно се склопуваат и расклопуваат, па мисијата на НАСА има за цел дасе обиде да испита како функционираат во реални услови.
Целото соларно јадро ќе биде лансирано во облик на 12 единици на CubeSat сателити со синхронизирана орбита со Сонцето на висина од околу 1.000 км од Земјата, па таму ќе почне да се расклопува од таа компактна состојба. Јарболите долги по 7 метри ќе се расклопат и ќе се развијат во рефлективно соларно едро., кое ќеима површина од 80 м2 и ќе му требаат околу 25 минути за маневарот за расклопување.
Целиот процес ќе се следи со камери лансирани заедно со експерименталната сонда. Кога ќе биде целосно расклопено, едрото во одредени услови би можело да биде видливо од Земјата со голо око затоа што ќе сјае на небото како најсјајна ѕвезда на ноќното небо.
(Bug.hr)
(фото: NASA)