Српската платформа Playerhunter е LinkedIN за спорт

- Advertisement -

Српската дигитална компанија Playerhunter преку кампања за докапитализација преку популарната платформа за групно финансирање Crowdcube од Велика Британија за само две недели собра повеќе од 420.000 евра. Компанијата, чиј производ е дигитална платформа за поврзување на фудбалери, менаџери, скаути, тренери, клубови и целиот фудбалски свет на едно место и на сајтот ја нарекуваат LinkedIn za sport, планира да подигне дополнителни 570.000 евра стерлинг капитал и да го продолжи својот вртоглав раст, веќе е на 75% од остварување на целта.

Принципот на групно финансирање овозможува секој полнолетен поединец да инвестира во одреден проект и да стане негов косопственик. Playerhunter веќе доби упешна поддршка од програмата Virgin Startup, исто така од Велика Британија, и тоа како прва компанија надвор од Обединетото Кралство која ја добила поддршката од програмата, пишува Bizlife.

- Advertisement -

Кон крајот на парил годинава Playerhunter веќе имаше повеќе од 85.000 регистрирани корисници и додека тој број непрекинато расте, претставена е нова верзија на апликацијата за мобилни телефони на оперативниот систем Android, а наскоро стигнува и верзијата за iOS. Компанијата продолжува со унапредување на платформата и кога станува збор за новите функционалности како што се директните пораки и нов вид профили на корисниците.

„Ја избравме Сrowdcube како партнер поради фактот дека после анализата на пазарот, видовме дека ни одговара на потребите од аспект на работата и публиката која ја привлекува бидејќи сакавме да ја отвориме вратата и за помали инвеститори, не само за големи програми или финансиски институции“ вели Стеван Радак, директор и соосновач на Playerhunter.

- Advertisement -

Остануваат уште помалку од 30% до остварување на крајната цел на Playerhunter на Crowdcube, а кампањата е отворена и за земјите од регионот. Доколку сакате да ја поддржите српската платформа, можете тоа да го направите на следниот линк https://www.crowdcube.com/companies/playerhunter/pitches/qrrBkq.

Сподели!
- Advertisement -