Научници веруваат дека можеби ја решиле мистеријата како се изградени 31 пирамида, вклучувајќи го и светски познатиот комплекс во Гиза, Египет, изграден пред повеќе од 4.000 години.
Истражувачкиот тим од Универзитетот на Северна Каролина Вилмингтон открил дека примаидите веројатно се изградени долж одамна изгубен, древен огранок на реката Нил, кој денес е пустини и ниви.
Долги години археолозите мислеа дека старите Египќани сигурно го користеле блискиот воден пат за транспорт на камените блокови потребни за изградба на пирамидите. Но, досега никој не беше сигурен деа таа локација, нејзиниот облик, големината и близината на овој мега воден пат до денес. Но, сега никој не е сигурен каде е таа локација, обликот, големината и бизината до водениот пат, вели една од авторките на студијата, Имам Гонајм.
Како ии другите реки, Нил низ годините се менувал поради климатските промени и не изгледал и не функционирал како денес. Неговите некогашни текови и притоките може да се најдат под земја. Истражувачите користеле сателитски снимки, геофизички истражувања и јадрото на седиментите за да ја мапираат реката. Тие успеале да продрат под песокот и да направат снимки од скриените карактеристики на теренот. Меѓу нив се и древни структури кои се простираат од подножјето.
Така, во интервју за ВВС една од коавторките, Сузан Онстин, вели дека лоцирсле речен крак каде што можеби постоел пловен пат кој кој се користел за транспорт на тешките блокови, опрема и луѓе.
Тимот откриле дека речниот крак, наречен Ахрамат, бил долг отприлика 64 км и широк 400-700 метри и се граничел со 31 пирамиди зиградени пред 4700 и 3700 години.
(N1)
(фото: Pxhere)