Помалку од 30% од Европејците сакаат да купат електричен автомобил

- Advertisement -

И покрај фактот дека од 2035 година во Европската унија ќе биде забранета продажбата на нови бензинци и дизел автомобили, на континентот во текот ан последните месеци е забавена продажбата на возила со нулта емисија на гасови.

Пазарниот удел на електричните автомобили се намалил од 14,2% минатата година на 12% годинава, што главно се припишува на германската одлука нагло да се стопира субвенционирањето за купување електрични автомобили на најголемиот европски пазар.

- Advertisement -

Имено, помалку од 30% од Европејците велат дека планираат да купат електрично возило, а повеќе од половина од нив одбиваат да платат над 35.000 евра за автомобил, што е цена за која можете да добиете кое било мало електрично возило. *

Рокот 2035 година веќе тропа на врата, особено кога станува збор за производните циклуси, па мора да се премине од 15% автомобили со нулта емисија на 100% за отприлика 100 години.

- Advertisement -

На крајот на минатата година електричните возила надминале удел од 5%, што се смета за точка за масовно прифаќање, во 31 земја во светот, покажуваат податоците на Bloomberg. Но, меѓу нив се само 2/3 од 27 држави-членки на ЕУ.

Автомобилите се главниот начин на транспорт на Европејците и на нив отпаѓаат 15% од европската емисија на CO2. Возењето без емисија е клучен чекор ако ЕУ сака даги исполни своите климатски цели.

- Advertisement -

Норвешка, која не е член на ЕУ, но е голем производител на нафта и гас, предничи во усвојувањето на електричните возила. Предводени од Teslа, електричните возила сочинуваат 90% од новорегистрираните возила во Норвешка во првиот квартал од годинава благодарение на издашните даночни олеснувања.

На Норвешка и е целта да достигне граница од 100% идната година. Производителите на автомобили како Volkswagen и Volvо веќе прекинаа со продажба на своите модели со внатрешно согорување во Норвешка. Во сите други земји електрификацијата се одвива многу бавно.

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -