Кога зборуваме за канали на продажба и пристап до корисницие ,телекомуникацискта компанија А1 Македонија се издвојува со креативноста и иновативноста особено во воведувањето дигитални канали што го олеснува секојдневието на корисниците.
Веќе одомаќинето и во постојан пораст е онлајн плаќањето на сметки што е доказ дека корисниците сакаат и веруваат во модерните дигитални алатки што им носат заштеда на скапоцено време, индиректно заштеда на бензин, заштеда на трошокот за паркинг за да стигнат до посакуваниот продажен салон, а што секако ќе се сложите, е важно особено во време на глобални ценовни шокови.
Се заштедува време, се заштедува на непотребни трошоци кои би ги направиле, а онлајн услугата што ја добиваме не се разликува од онаа која би ја добиле во живо.
Од мај 2020 година, јавноста ја има можноста да пристапи на А1 Live Shop – виртуелната продавница на А1 Македонија и со помош на разговор со А1 агент во живо, да добие детални информации за услугите на А1, како и во било кој продажен салон, без разлика каде и да се.
А1 Live Shop виртуелната продавница нуди уникатно искуство за купување преку интернет за секого, особено за оние кои не се во можност да ја напуштат удобноста на својот дом или да се оддалечат од обврските на своето работно место.
Виртуелната продавница им овозможува на корисниците да разговараат директно со продажен агент на А1 во живо преку видео стриминг и одблизу да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на дополнителните прашања во врска со уредот или услугата за која се заинтересирани и да купуваат преку интернет.
За да биде купувањето побрзо и поедноставно за посeтителите, посветениот тим од продажни агенти на А1 обезбедува персонализиран пристап кон целоиот процес на онлајн купување.
Поврзувањето со А1 експерт во живо преку виртуелната продавница може да се направи со едноставно кликање на иконката со А1 експерт што ќе се појави на веб-страницата www.a1.mk по што корисникот треба да го внесе својот телефонски број и првиот слободен А1 експертот ќе се јави во најкраток можен рок. Корисникот може да го види експертот на екранот, да започне итеракцијата, пришто приватноста на корисникот е целосно зачувана бидејќи нашиот експерт не може да го види корисникот.
Агентот за продажба гарантира дека е во согласност со телeфонскиот разговор, а со вклучување на мобилната камера на телефонот корисникот добива подетален поглед на уредот од сите агли.