Населението на САД дневно консумира повеќе марихуана отколку алкохол

- Advertisement -

Редовната употреба на марихуана во САД за прв пат го надмина консумирањето алкохол, што е одраз на големите културни и политички промени. За прв пат едно национално истражување открива дека редовната употреба на канабис ја надминала честата употреба на алкохол во САД.

Зачудувачки е што денес се пријавува почеста употреба на марихуана отколку честото пиење, посочува Џонатан Колкинс, научник за јавни здравствени политики од американскиот колеџ Карнеги Мелон. Податоците добиени од извештаите кои ги пишувале учесниците во истражувањето укажуваат на значителни промени во вистинската употреба на марихуана, особено дневната или речиси секојдневната потрошувачка.

- Advertisement -

Наодите се засноваат на податоци од Националната анкета на САД за употреба на дроги и здравјето, која вклучила повеќе од 1,6 милиони испитаници во 27 годишни анкети од 1990 година досега, а периодичните истражувања датираат од 1979 година. Коркинс ја споредува употребата на алкохол и канабис меѓу тинејџерите и возрасните во клучните години – 1979, 1992, 2008 година и најновите податоци од 2022 година.

Промените се постојани, така што ова се само патокази, а не единствените моменти на промена, нагласува Колкинс во својата студија, објавена во списанието Addiction. Истражувањето еволуирало во текот на децениите – од интервјуа со молив и хартија до компјутерски и онлајн формати, проширувајќи се на Алјаска, Хаваи, жители на студентски домови, цивили во воени бази и засолништа за бездомници.

- Advertisement -

Иако сè уште повеќе луѓе пијат алкохол отколку што користат марихуана, честото консумирање алкохол е намалено, додека дневната или речиси секојдневната употреба на канабис е зголемена од 1992 година досега. До 2022 година дневните корисници на канабис (17,7 милиони) ги надминале оние кои пијат алкохол дневно (14,7 милиони).

Од 2010 година досега повеќе од една третина од месечните корисници на канабис пријавиле дневна или речиси секојдневна употреба. Спротивно на тоа, уделот на дневните или речиси дневните алкохоличари меѓу месечните алкохоличари останува стабилен на околу 9% до 11%. Таа промена ги одразува трендовите кај тинејџерите и децата на училишна возраст, кои забележуваат намалување на злоупотребата на алкохол и зголемување на употребата на канабис во последните две децении.

- Advertisement -

Промените на политиките од 1980-тите години, особено проширувањето на употребата на медицинскиот канабис од 1993 година, влијаеле на овие трендови. Сепак, Колкинс забележува дека културните промени исто така играат улога. Каква и да е причинско-последичната врска, употребата на канабис сега се чини дека е значително поинаква од онаа пред легализацијата, вели Колкинс.

Во април 2024 година американската Агенција за борба против дрога ги објави плановите за олеснување на федералните ограничувања за канабисот, рекласифицирајќи го како кодеин со рецепт и парацетамол без рецепт. Иако многумина веруваат дека канабисот е ефикасен за ублажување на болка, доказите од студиите остануваат нејасни.

(Science Alert)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -