Истражувачи од Калифорнискиот институт за технологија (Caltech) развија мозочни импланти кои можат да го дешифрираат внатрешниот говор, зборовите што луѓето ги мислат без да ги вокализираат или дури да ги движат усните. Иако сè уште е во рана фаза, оваа технологија, опишана во списанието Nature Human Behavior, може да направи револуција во комуникацијата на луѓето со тешка парализа и оние кои ја изгубиле способноста да зборуваат поради некоја причина.
Оваа врвна технологија за интерфејс на мозок-машина (BMI), воведена пред две години и сега успешно вградена кај втор пациент, ги снима сигналите од поединечни неврони во мозокот во реално време. Сепак, за разлика од претходните BMI, кои се базираа на делумно вокализиран или имитиран говор, овој систем сега декодира само внатрешен говор.
Решението на Калтек се фокусира на мозочната супрамаргинална вијуга (SMG), која претходните истражувања ја поврзуваа со репрезентација на изговорените зборови и задачи како што е римувањето.
„Проблемот со внатрешниот говор е што не знаеме што се случува и како се обработува“, објаснуваат истражувачите, кои сега се фокусираат на тестирање дали BMI може да направи разлика меѓу буквите од азбуката, што е клучен чекор кон откривање на внатрешнoто формирање на зборовите, односно уред кој ќе ги преведе мислите на една личност во говор.
Важно е да се напомене дека оваа технологија не е дизајнирана да чита мисли во традиционална смисла, туку функционира само кога личноста активно се фокусира на зборот што сака да го пренесе, што пак гарантира дека корисникот ја одржува контролата врз своите мисли и приватноста, велат истражувачите.
(Bug.hr)
(фото: stocksnap.io)