Знаете ли колкава е финансиската штета на лажните вести?

- Advertisement -

Денеска честопати е тешко да се разликуваат лажните вести од вистинските на Интернет. За каков голем проблем се работи видовме на последните претседателски избори во САД, на чии резултати влијаеја лажните вести кои се проширија на Facebook. Некои земји навреме ги препознаа потенцијалните опасности, па рано стартуваа програми за едукација на жителите за лажните вести.

Опасностите од лажните вести се големи и многу полоши од влијанието врз избори. Тие влијаат на работата на компаниите, на состојбата на берза, на медиумите ,на здравството, на е-трговијата итн. Истражувањето кое го спроведе израелската компанија за сајбер безбедност CHEQ и Универзитетот во Балтимор покажаа дека штетата од лажните вести на глобално ниво во текот на една година изнесува дури 78 милијарди долари. За пресметка на вредноста користеле податоци кои ги собрале во CHEQ, последните економски анализи, како и интервјуа со бројни експерти.

- Advertisement -

Најголема е штетата која лажните вести ја нанесуваат врз берзата. ЗАгубите на берза поради fake news изнесуваат дури 39 милијарди долари. Лажните информации во здравствениот сектор влијаат за годишна загуба од 9 милијарди долари, додека во финансиската индустрија имаат уште поголема тежина и предизвикуваат загуби од 17 милијарди долари.

Во извештајот се нагласува и штетата настаната врз угледот на компаниите на кои се однесуваат лажните вести, каде што губењето на репутацијата резултира со штета од 9 милијарди долари, а 3 милијарди долари годишно се трошоците кои платформите годишно ги инвестираат во сајбер безбедност и спречување на ширењето лажни вести.

- Advertisement -

Исто така, истражувањето покажало дека годишно се трошат најмалку 400 милиони долари на ширење лажни вести во политички кампањи. Што се однесува на претстојните избори во САд, според предвидувањата, на огласување и ширење лажни вести ќе се потрошат околу 200 милиони долари.

Треба да напоменеме дека станува збор за економска штета поради ширењето на вестите, но ако ја гледаме пошироката слика и индиректните економски трошоци кои се однесуваат, на пример, на губење на довербата во влади и државни институции, губење на вредност на брендови итн. штетата би се приближила до 100 милијарди долари годишно.

Сподели!
- Advertisement -