Загреб воведува нов вид бесплатен превоз

- Advertisement -

Градот Загреб воведува пилот услуга на бесплатен јавен превоз во пешачката зона во центарот на градот. Превозот со мали електрични возила Fulir ќе биде достапен од сабота, 15 јуни, овозможувајќи им на граѓаните и туристите еколошки начин на движење, информираат од Градот.

„Fulir е повеќе од транспортна услуга. Тоа е чекор кон поодржлив, попристапен и попријателски Загреб, кој ќе им го олесни секојдневието на многу луѓе и ќе го подобри квалитетот на животот во центарот“, рече градоначалникот Томислав Томашевиќ, објаснувајќи дека услугата првенствено е наменета за старите лица, лицата со намалена подвижност и лицата со попреченост, но на располагање ќе ја имаат и други граѓани и туристи.

- Advertisement -

Малите електрични автомобили со капацитет од 5 патници плус возач ќе бидат достапни од 8 до 20 часот за време на викендите и празниците до крајот на октомври годинава. Услугата е бесплатна и може да се нарача телефонски. Возачите сами ќе одговараат на повиците и ќе организираат локации и маршрути.

Името Fulir е избрано во чест на незаборавниот лик од најпознатиот загрепски филм „Тко пјева, зло не мисли“, а концептот е инспириран од успешниот модел наречен Kavalir во Љубљана. Транспортната услуга ќе ја врши Zagrebački električni tramvaj d.o.o

- Advertisement -

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Grad Zagreb)

Сподели!
- Advertisement -