Во 2004 година, преродениот бренд Bugatti засекогаш го промени светот на автомобилските перформанси и луксуз со воведување на својот спортски хиперавтомобил од 1001 коњски сили: познатиот Veyron.
По тој прв патен автомобил со повеќе од илјада коњски сили, во 2016 година следуваше уште еден исклучително амбициозен инженерски потфат кој ги надмина сите очекувања на полето на перформансите: Chiron, првиот автомобил во светот со мотор кој развива 1.500 коњски сили. Двата автомобили се пофалија со најнапредниот 8,0 литарски W16 quad-turbo мотор.
Денес, дваесет години откако Bugatti ја дефинираше категоријата спортски хиперавтомобили, Bugatti Rimac претстави иновативен концепт со воведување на целосно нов погон и платформа. Запознајте го Bugatti Tourbillon!
Мате Римац, главен извршен директор на Bugatti Rimac, истакна:
„Развојот на Bugatti Tourbillon беше воден на секој чекор од 115-годишната историја на Bugatti, како и од зборовите на самиот Еторе Бугати. Заедно со дизајнерските и инженерските тимови кои сакаа да започнат ново и возбудливо поглавје во Приказната за спортските хиперавтомобили на Бугати, ме водеа мантрите на Еторе дека „ако нешто е споредливо, тогаш веќе не е Бугати“ и дека „ништо не е преубаво Ројал“, еден од најамбициозните луксузни автомобили од сите времето, ни послужи како инспирација Во исто време, дизајнот, перформансите и луксузот го дефинираа новиот Tourbillon, автомобил кој е поелегантен, повозбудлив и полуксузен од кој било претходен автомобил, исто како гореспоменатите легенди од некое минато време. Tourbillon не е направен само за сегашноста, па дури и за иднината, туку pour l’éternité – за вечноста“.
Римац ја истакна заедничката работа на техничкиот и дизајнерскиот тим, а дел од својата инспирација пронајдоа во старите механички часовници, што е највидливо на брзинометарот, кој е извлечен до бројката 550 километри на час.
Како што веќе многупати беше спомнато, тој е хибрид, но и покрај батеријата од 200 килограми, тој е полесен од својот бензински претходник. Исто така, произведува уникатен звук кој е комбинација од стара школа не-турбо мотор и електричен мотор.
(Seebiz.eu)
Фото – Bugatti FB page