Јапонската железничка компанија JR West ќе почне да го поправа својот железнички систем на многу јапонски начин: со помош на напредни хуманоидни роботи, пишува IFLScience.
Почнувајќи од овој месец, џиновските роботи во стилот на Меха ќе се користат за извршување на различни задачи за одржување на железничката инфраструктура на компанијата, како што се бојадисување на надземните потпорни структури и отстранување на гранки од дрвја што ги попречуваат шините.
Способни се да креваат предмети со тежина до 40 килограми и да достигнат висина до 12 метри, а нивните краци можат да бидат опремени со различни алатки за извршување на голем број необични работи.
Роботите се управувани од човек кој може да седи во камион и да следи и да го контролира неговото движење користејќи џојстик и очила за VR поврзани со камера на главата на роботот.
Подолу можете да погледнете видео од технологијата во акција. Дел од монтажата го прикажува дури и роботот кој користи кружна пила за да сече високи дрвја, но развивачите на пронајдокот веруваат дека нивното создавање е најбезбеден пар раце во светот.
Во неодамнешното соопштение од JR West (јапонска железничка компанија) истакнаа дека ја развиле технологијата со помош на компанијата за роботика Jinki Ittai и технолошката компанија Nippon Signal во обид да ја подобрат безбедноста на своите вработени и да го намалат ризикот од несреќи при работа.
Тие, исто така, го наведоа недостигот на работна сила како нитен двигател на новата технологија. Јапонија има една од најстарите популации во светот, со околу 29% од населението во земјата на возраст од над 65 години. Тоа е проблем кој ќе предизвика секакви главоболки, не само за економијата која почнува да се напрега под притисокот на недостигот на работна сила.
Роботите и новите технологии често се обвинуваат дека крадат работни места од луѓето, но се чини дека тие можат да се искористат и за ублажување на недостигот од работници, пишува IFLScience.
(IFL Science)
(фото: Pixabay)