ВИДЕО: Џиновска правосмукалка за чистење на градските улици

- Advertisement -

Пролет е и допрва ќе раззеленуваат сите дрвја . Но, кога ќе дојде есен жолтите лисја летаат насекаде и иако создаваат романтична атмосфера и жолт тепих по улиците, сепак мора да се чистат.

Наместо да се метат или да се собираат со мали машини, еве еден најефикасен начин. Како што дома собираме прашина од подовите со правосмукалка, така по улиците може да се чистат лисјата со џиновска правосмукалка.

- Advertisement -

Компанијата Bonnel ја направи правосмукалката Leaf Titan Pro токму за таа намена. Правосмукалката функционира на ист начин како стандардните правосмукалки – со огромно црево ги вовлекува лисјата во задниот дел, каде што се собираат наместо во кеса. Кога ќе се наполни, тој дел се отвора и се празни.

Сподели!
- Advertisement -