Најава за влез на трет оператор во земјава

- Advertisement -

Министерот за транспорт Александар Николоски најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава. Како причина за воведувањето трет оператор ги наведува цените на мобилната, кабелската телевизија и интернет-услугите кои, како што вели, во земјава се повисоки од најголем дел од европските држави.

На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор“,пишува Николоски во објавата на Фејсбук и додава оти сериозно се разгледува оваа опција.

- Advertisement -

Министерот додава дека во следниот период ќе мотивираат големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -