Кина гради двојно повеќе капацитети за обновлива енергија од остатокот од светот

- Advertisement -


Кина гради речиси двојно повеќе капацитети за соларна и ветерна енергија од сите други земји во светот заедно, покажуваат резултатите од истражувањето на Global Energy Monitor, американска невладина организација.

Втората најсилна економија во светот испушта најмногу стакленички гасови кои ги забрзуваат климатските промени, но Кина вети дека ќе го достигне врвот на емисиите на јаглерод до 2030 година и дека ќе ги намали на нето нула во следните 30 години.

- Advertisement -

Во последните месеци Кина беше погодена од неколку екстремни временски настани, кои стануваат се поопасни поради климатските промени.

Земјата во моментов гради 339 GW капацитет за обновлива енергија, вклучувајќи 159 GW енергија од ветер и 180 GW соларна енергија, речиси двојно повеќе од остатокот од светот заедно, објави Global Energy Monitor. Во овој поглед е далеку пред второпласираната САД, која гради само 40 GW.

- Advertisement -

Кина започна и подготвителни работи за изградба на една третина од капацитетот за ветерна и сончева енергија што досега ги најавуваше, во споредба со глобалниот просек од само 7%. Сепак, ова е придружено со некои недостатоци.

Енергетската мрежа на Кина се потпира на електрани на јаглен кога побарувачката за енергија расте. Покрај тоа, тешко е да се транспортира обновливата енергија произведена во оддалечените северозападни региони до економските центри на исток.

- Advertisement -

И покрај тоа, вкупниот капацитет на Кина за енергија од ветер и сончева енергија оваа година треба да го надмине јагленот, според извештајот на една американска невладина организација. Брзиот развој на обновливите извори на енергија ги зголемува надежите дека емисиите на јаглерод во Кина ќе го достигнат врвот порано од очекуваното.

Во посебен извештај Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA) објави дека Кина не издала нови дозволи за челични фабрики на јаглен во првата половина на 2024 година. Ова е прв пат на полугодишна основа да нема нови дозволи издадени од Кина од септември 2020 година.

Земјата објави две цели во поглед на емиисјата на јаглерод. Тие две цели се однесуваат на достигнувањето на врвот на емисијата на јаглерод до 2030 година и карбонска неутралност до 2060 година..

(Al Jazeera Balkans)

Сподели!
- Advertisement -