Ледена плоча на Антарктикот голема колку Франција „скока“ и до двапати дневно

- Advertisement -

Американски научници открија дека ледена плоча на Антарктикот со големина на Франција „скока“ еднаш до двапати дневно. Неодамнешната студија на плочата Рос откри неочекувана појава на еластични бранови, кои ја придвижуваат целата плоча напред. Таа ледена плоча, која може да се спореди по големината со Франција, покажува значително движење, феномен кој е од витално значење за нејзино следење низ тековните климатски промени.

Предводено од тим од разни американски институции, истражувањето го идентификува леденото струење Виланс како причина за тоа движење на ледемата плоча. Откривме дека ледената плоча однеднадеж се поместува за околу 6-8 сантиметри еднаш или двапати дневно, предизвикана од лизгањето на ледената струја која се влева во ледената плоча, појаснува Даг Виенс, геофизичар од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис.

- Advertisement -

Тоа ненадејно движење, кое се припишува на губењето вода поради струењето, резултира со повремени скокови во брзината на движење на плочата. Мерењата од 2014 година со помош на вградени сеизмографи покажуваат брзи движења до 40 см во само неколку минути,што е аналогно придвижување на линијата на потресот.

Виенс ја нагласува неприметноста на овие движења без користење инструменти. Човек не би можел да го почувствува движењето, така што не може да се открие без инструменти, вели Виенс.

- Advertisement -

Иако научниците не го поврзуваат тоа движење директно со глобалното затоплување предизвикано од човечките активности, тие ја нагласуваат нивната важност за долгорочната стабилност на ледемата плоча Рос. Таа стабилност е клучна за одржување на природните граници за глечерите и струењето, ублажувајќи го истовремено порастот на нивото на мориата, се вели во студијата објавена во списанието Geophysical Research Letters.

Потенцијалното распаѓање на ледената плоча Рос може да има далекусежни последици и влијае на ледената покривка во целиот регион. Виенс нагласува дека многу е битно континуирано да се следи бидејќи постои загриженост дека таа ледена плоча еден ден ќе се распадне, затоа што тоа била судбината и на други помали и потенки ледени плочи.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -