Како македонските хедхантинг (headhunting) агенции наоѓаат кандидати за работа?

- Advertisement -

Без разлика дали станува збор за мала или голема компанија, сопствениците и ХР директорите секогаш сакаат да имаат квалитетни вработени кои покрај знаењето и искуството имаат и добри вештини и персонални карактеристики.

Често токму сопствениците, или во некои случаеви управните одбори и менаџерите, не можат (или едноставно немаат време) да ги најдат работниците што им требаат, па се решаваат слободните места да ги пополнат со помош на хедхантинг агенции.

- Advertisement -

Како и да е, во пазар каде има сè помалку квалитетни и професионални работници каков што впрочем станува македонскиот, се чини дека класичните огласи за работа сè помалку „бркаат работа“ и потребата на компаниите да соработуваат со некоја специјализирана хедхантинг агенција станува поважна од било кога.

Но, како тие всушност работат?

- Advertisement -

Од хедхантинг агенцијата HeadHunting МК (www.headhunting.mk), кои важат за еден од лидерите во индустријата кои се специјализирани само за хедхантинг услуги, ни велат дека својот модел на работа низ годините често го менувале и прилагодувале на промените што се случуваат на пазарот. Тоа што е најважно за компаниите е дека тие и понатаму работат единствено на принципот на “success fee”, што значи дека компаниите немаат никаков финансиски ризик да соработуваат со нив – а тие како агенција се мотивирани брзо и успешно да ја завршат работата.

„Откако ќе добиеме бриф за определен профил на работник кој ѝ треба на компанијата, ние испраќаме понуда за соработка која е на принципот success fee и истата е најчесто изразена во процент од предвидената бруто плата за позицијата (еднократно плаќање). Потоа, потпишуваме договор за соработка и нашите хедхантери ги контактираат контактите од датабазата што одговараат на посакуваниот профил и ние знаеме дека размислуваат за кариерна промена, па закажуваме интервју со нив. Откако ќе имаме исфилтрирана листа на предлог кандидати кои ги оценуваме како најдобри, ги испраќаме на финален разговор со клиентот и тој ја има последната одлука дали ќе ангажира некој од предложените кандидати или не“ – објаснува Борис од HeadHunting.mk

- Advertisement -

Неговиот колега Блаже надополнува: „Овој модел им дава целосен комодитет на компаниите, бидејќи тие немаат никаков финансиски ризик и единствено ни ја плаќаат услугата во моментот кога ќе бидат среќни со некој предложен кандидат и ќе се одлучат токму него да го ангажираат.“ Во однос на самите кандидати, тој вели дека: “Во последно време речиси секојдневно добиваме одлични CV-a на искусни кандидати во области како финансии, право, продажба, маркетинг, менаџмент… Повеќето од нив ни велат ставете нè во датабаза и јавете се кога ќе имате некоја добра позиција. :)”

Хедхантинг агенциите понекогаш се користат и за да привлечат баш некој определен кандидат од некоја определена (често конкурентска) компанија, па преку нивните „методи” да посредуваат за трансфер.

„Сè почесто се случува компаниите да знаат и кого точно сакаат да го ангажираат, но не сакаат да му пристапат директно и затоа нè ангажираат нас да оствариме комуникација за евентуален „трансфер“. Овие процеси на убедување понекогаш траат и подолго, но среќни сме што имаме навистина голем процент на успешност“ – заклучуваат од HeadHunting.mk

Сподели!
- Advertisement -