Хотелиерите сметаат дека високите цени, инфраструктурните работи и немањето летови придонесоа оваа сезона да биде полоша од претходната, пренесува Побједа.
Според Никола Пејовиќ од Здружението на хотели на Црна Гора оваа сезона е за 20% полоша е од лани, нагласувајќи ја недоволната подготвеност и недоволното присуство на државните функционери во стратегијата за туризам.
Податоците од туристичките организации на општините Будва, Улцињ и Херцег Нови даваат подлабок увид во моменталната состојба на крајбрежјето, а бројот на туристи варира од град до град. Се апелира до локалните администрации да ги вклучат стопанството и здруженијата на туристичките работници во процесот на одлучување, со цел што поефективно да се решат проблемите кои се јавуваат во текот на сезоната. Сите погледи се вперени во последниот дел од сезоната, со надеж дека оптимизмот ќе се покаже како оправдан.
Лошите резултати се препишуваат на поскапнатите цени но и на ископаниот булевар во Будва, ископаниот пат, како и отсуството на евтини авио превозници.
„Сопственик сум на мал хотел и вчера имав шест празни соби, а ова треба да биде шпиц и време кога се бараат повеќе кревети. Кога сега ќе го покачат ДДВ-то за сместување на 15 отсто, бидејќи нема друг прилив на пари, освен хотелскиот дел, тогаш ќе ни биде катастрофа. Големите хотели веќе продадоа дел од сместувањето за следната година, но затоа приватното сместување кое сочинува 70 отсто од капацитетот не влезе во системот за ДДВ. Владата ни ги намалува придонесите, но затоа ги зголемува даноците“, рече Пејовиќ.
Тој апелираше локалната администрација да ги вклучи стопанството, здруженијата на угостители и хотелиери во процесот на одлучување, бидејќи тие се оние кои го имаат првиот контакт со гостите, водичите и превозниците, поради што можат да добијат прецизни податоци од поле и претставуваат проблеми кои се јавуваат во практиката.
Според последните анализи на Туристичката организација на Будва, на Будванската ривиера во моментов престојуваат околу 40.000 туристи, од кои околу 22.000 се во приватно сместување, а 17.000 во хотелско сместување, додека останатите престојуваат во хостели и кампови.
(Seebiz)