Сакате вашето дете да носи мобилен телефон на училиште, но да не го користи на часовите и на одмори? Google има решение!

- Advertisement -

Еден од најголемите предизвици на денешното родителство се мобилните телефони. И покрај предупредувањата на многу експерти дека преголемата изложеност на екраните од паметните уреди може да има негативни последици по развојот и психичката состојба на децата, многу деца од првите месеци од животот поминуваат часови со мобилни телефони или гледајќи телевизија. Родителите кои сакаат да го контролираат и да го ограничат користењето на уредот, имаат на располагање алатки како Family Link.

Апликацијата на Google им овозможува на родителите да изберат време на неактивност на уредот во кое нивните најблиски нема да можат воопшто да го користат телефонот. Можат да изберат вкупно време кога ќе можат да го користат телефонот во текот на денот, да блокираат некои апликации, а некои да отклучуваат за да можат сè уште да ги контактираат за време на неактивност.

- Advertisement -

Google сега воведе нова опција која дополнително ќе помогне во управувањето со времето што децата го поминуваат на уреди. Имено, опцијата School Timе ќе биде достапна за одредени модели на паметни часовници Android и Samsung Galaxy. Родителите ќе можат да управуваат со оваа опција и преку Family link, кој има за цел да го ограничи користењето на телефонот додека се на училиште. Со оглед на тоа што децата носат мобилни телефони на училиште, овие уреди честопати им го оттгнуваат вниманието. Тие се допишуваат за време на часови, додека за време на одмор, наместо да играат и да се забавуваат со своите врсници, времето го поминуваат на екраните, гледајќи YouTube, играјќи игри итн.

Новата опција за управување со времето поминато на телефон додека се на училиште треба да ги промени тие навики. Во периодот што го одбрале родителите децата нема да можат да ги користат телефоните, освен оние апликации кои родителите конкретно им дозволуваат да ги користат. За повеќето од нив тоа треба да биде некаква апликација за комуникација за да можат нивните деца да им испратат порака или да им се јават во итен случај. За да не ги користат овие апликации за допишување со пријателите, можно е да се изберат и контакти со кои ќе можат да контактираат во текот на тој училишен период.

- Advertisement -

Иако новата учебна година започнува за околу еден месец, се чини дека оваа опција нема да биде готова дотогаш, но од Google велат дека ќе биде готова во текот на следната година. Исто така, иако опцијата е наменета првенствено да ги држи екраните недостапни за децата за време на училишните часови, родителите можат да ја активираат оваа опција за привремено да ги заклучат телефоните на нивните деца и на тој начин да ги принудат да направат пауза, да се одморат од екранот и да го поминуваат своето време на попаметен начин.

(Google)

- Advertisement -

(фото: etsy)

Сподели!
- Advertisement -