Apple ќе лансира два нови модели на телефони на преклоп?!

- Advertisement -

Американската компанија Apple работи на нов модел на смартфон кој ќе биде поинаков од останатите. Станува збор за модел на преклоп кој ќе има флексибилен екран, пишува The Economic Daily Times.

Вообичаено Apple не изнесува информации за новите производи пред да ги пласира на пазарот, но сега е познато дека двата прототипa на iPhone смартфони на преклоп успешно ги поминаа интерните тестирања во фабриката во Кина.

Според информациите кои досега излегоа во јавноста, новиот модел на Apple би требало да наликува на Samsung Galaxy Fold – ќе има помал преден екран, камери сместени на задната страна на уредот и голем флексибилен екран кој се добива откако ќе се отвори уредот, објави Avaz.

Сподели!
- Advertisement -