Sonova, компанија која е глобален лидер во технологијата за слушни помагала, го најавува објавувањето на Phonak Audéo Sphere™ – првата платформа која интегрира вештачка интелигенција и технологија со двоен чип.
Разбирањето на говорот во бучно опкружување претставува најголем проблем кај луѓето кои го изгубиле слухот, се вели во официјалното соопштение на Sonova, компанија за слушни помагала со 77-годишна историја.
Откако го ставија на тест Phonak Audéo Sphere™ Infinio, нов најсовремен слушен апарат со вештачка интелигенција, тие направија значителен напредок помагајќи им на 50% од нивните учесници во клиничкото испитување да го одвојат чистиот говор од бучавата во позадина. Според компанијата, овој нивни апарат овозможува 53 пати подобро разбирање на говорот во бучна средина.
Phonak Audéo Sphere™ Infinio е еден производ во семејството на иновативни решенија штотуку објавени од Sonova. Како најголема група досега, програмата Phonak Audéo Infinio претставува огромен чекор напред во технолошката генијалност. За да ги надмине конвенционалните пречки во разбирање на говорот во бучава Sonova го дизајнирала DEEPSONIC™, специјален чип што ја користи вештачката интелигенција во реално време за да ги разликува несаканите звуци од саканиот говор во Phonak Audéo Sphere™ Infinio.
И покрај значителниот напредок во изминатата деценија, корисниците на слушни апарати сè уште се борат да ги разберат разговорите во бучни средини како што се јавниот превоз или рестораните. Од Sonova велат дека нивната нова технологија ќе направи значителна разлика за оние на кои им е потребна.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)