Иако се на околу 400 километри од морето, студентите по инженерство на швајцарскиот универзитет ЕТХ Цирих напорно работат на најсовремени роботи кои би можеле да го променат начинот на кој се проучуваат светските океани. Роботската риба Eve замавнува so силиконската опашка од страна на страна и непречено се лизга низ студената вода на езерото Цирих, каде што научниците го тестираат проектот Surf-eDNA.
Студентите веќе две години прават и тестираат јато роботизирани риби – од кои Eve последната. „Eva изгледа исто како риба за да се вклопи што е можно подобро во екосистемот што го истражуваме. Нејзиниот дизајн не треба да ги плаши другите риби“, изјавија од ETH Zurich за CNN.
Автономното подводно возило (AUV) Eve е опремено со камера за снимање под вода, сонар за избегнување пречки и филтер за собирање на ДНК. Научниците потоа можат да ја секвенционираат таа ДНК за да видат кои видови живеат во тој екосистем.
Експертите се повеќе ги користат овие гаџети за истражување на океаните. На пример, стартапот Aquaai со седиште во Калифорнија изгради дронови слични на риба-кловн, кои можат да собираат информации како што се нивото на кислород, соленоста и pH вредноста.
„Сакаме да направиме сигурна алатка за биолозите. Можеби на тој начин помалку видови ќе исчезнат или ќе бидат загрозени“, велат швајцарсите истражувачи.
(Index.hr)
(фото: YouTube)