Италија лансира експериментална програма: Ќе користи вештачка интелигенција во училиштата

- Advertisement -

Италијанскиот министер за образование, Џузепе Валдитара, изјави дека Италија оваа учебна година започна експериментална програма за користење на вештачка интелигенција (АИ) за подобрување на наставата.

Валдитара рече дека Италија е една од првите земји што започнуват ваква програма оваа учебна година, истакнувајќи дека во неа ќе бидат вклучени 15 училишта во четири региони – Калабрија, Лацио, Тоскана и Ломбардија, пренесе Анса.
Доколку тој модел функционира, планираат да продолжат, изјави Валдитара.

- Advertisement -

(ANSA)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -