Amazon патентираше дронови за достава кои ќе комуницираат со потрошувачите

- Advertisement -

Доколку дроновите на Amazon навистина станат реалност, како ќе изгледат и како ќе се движат? Дали ќе полетуваат од возови во движење? Дали ќе ги полнат батериите на бандери и ќе се самоуништуваат во воздух? Доколку судиме според последниот патент на компанијата, можеби дроновите во иднина ќе можат да комуницираат со корисниците.

Amazon поднесе барање за патент за систем за дронови кој ќе овозможи човечка интеракција со беспилотните летала, а патентот беше одобрен минатата недела. Во документите се опишуваат дронови кои одговараат на гестовите на корисниците, пренесува New Atlas.

- Advertisement -

Со помош на сензорите за светлина и аудио-сензорите дроновите ќе ги регистрираат гестовите на корисниците и ќе ги споредуваат со датабазата. Кога ќе сфатат што сака корисникот, дроновите ќе се приближат до луѓето или ќе се оддалечат од нив, во зависност од гестовите.

Amazon прво ги претстави плановите за дроновите PrimeAir во 2013 година. Идејата е овие беспилотни летала да ги носат пратките до потрошувачите за само 30 минути. Иако треба време додека се развие проектот, сепак со нетрпение го очекуваме.

Сподели!
- Advertisement -