Bois de Charonne, втората урбана шума во француската престолнина, беше отворена во средата, откако првиот проект од ваков вид беше лансиран во јуни годинава за да одговори на предизвиците на глобалното затоплување.
Создавањето зелени површини значи овозможување на идните генерации да живеат во градот во контекст на климатските промени, но и подобрување на нашата животна средина со тоа што просторите ќе бидат поубави и помирни, изјави градоначалничката на францукста престолнина, Ен Идалго.
Сместен во 20-тиот арондисман, овој нов парк се простира на речиси 3,5 хектари наменети за пешачење. Со повеќе од 7.500 засадени дрвја и мала површина на вода, Bois de Charonne е еден од најголемите проекти за обновување на вегетацијата и адаптација на климатските промени во градот Париз.
Погодни за биодиверзитетот, урбаните шуми служат и како острови на свежина за време на топлотните бранови. Bois de Charonne е втората урбана шума што се појавува во главниот град, откако првата беше инаугурирана во јуни на Каталонскиот плоштад, во 14-тиот арондисман.
Во главниот град се планирани уште два проекти за зазеленување, а работите треба да започнат оваа есен и да завршат на крајот на 2026 година.
(Paris Presse)
(фото: Island in the Net)