Со големо задоволство Виталиа ја најави втората Детска Трка во 2024 која ќе се одржи на 29-ти септември. Продолжуваат со традицијата и ги повикуваат сите да бидат дел од ова незаборавно спортско искуство.
Минатата година, повеќе од 1200 деца го исполнија стадионот со возбуда и енергија, создавајќи непроценливи моменти и насмевки. Импресиите од првата Виталиа детска трка се уште одекнуваат, и оваа година се очекува уште поголема забава и авантура за сите учесници.
Со секоја измината година, Виталиа Детска Трка станува сè повеќе од настан – претставува симбол на заедништво и инспирација за најмладите генерации. Овaа уникатна трка не само што ги поттикнува децата на спорт и физичка активност, туку и создава позитивна средина во која тие учат за важноста на здравјето, упорноста и спортскиот дух. Со поддршка од нивните семејства и заедницата, секој чекор на патеката е поттик кон изградба на поздрав и поактивен начин на живот, кој ги подготвува младите за предизвиците на иднината.
Виталиа трката не е обична трка, туку цело доживување кое ги обединува децата и нивните семејства да стекнат здрави животни навики. Овој настан не е само за брзо стигнување до целта, туку и за учење на децата за важноста на упорноста, тимската работа и радоста што ја носи физичката активност.
Настанот ќе биде исполнет со различни интерактивни активности и предизвици кои ќе ги мотивираат најмладите да ги истражуваат своите способности и да го прифатат спортот како дел од нивниот секојдневен живот.
Повик до сите млади атлетичари што може да се пријават на следниот линк: https://bit.ly/vitalia-detska-trka-2024.
Од стартната линија до целта, адреналинот и возбудата ќе бидат на највисоко ниво! Оваа трка е совршена можност да се создадат здрави навики и спомени за цел живот.
Придружете се на овој настан и бидете дел од нешто што ќе инспирира генерации во иднина.