Тоyоtа инвестира уште половина милијарда долари во летечки такси

- Advertisement -


Toyota инвестира уште 500 милиони долари во компанијата Joby Aviation во партнерство со цел да започне комерцијален бизнис на американската компанија за воздухопловни такси возила.

Инвестицијата на Тоyоtа ќе биде искористена за поддршка на сертификација и производство на авион сличен на хеликоптер за такси услуги, објавија денеска двете компании. Вкупната инвестиција на Toyota во ова изнесува 894 милиони долари, што значи дека јапонската компанија ќе поседува 22’% од акциите на компанијата во која инвестира.

- Advertisement -

Последната инвестиција се заснова на речиси седумгодишна соработка меѓу двете компании, изјави Џо Бен Бевирт, основач и извршен директор на Joby Aviation.

„Знаењето и поддршката на Тојота беа клучни за нашиот успех… додека ја реализираме нашата заедничка визија за иднината на воздушниот сообраќај“, додаде тој.

- Advertisement -

Од Joby Aviation велат дека неодамна го изградиле својот трет авион и се во процес на издавање на четвртиот од петте сертификати. Минатата година двете компании потпишаа долгорочен договор, според кој Тоyоtа испорачува мотори и други компоненти на новото воздушно такси.

На интернет беше објавено дека авионското такси Joby за комерцијални цели има место за четворица патници и пилот. Може да помине до 240 километри со едно полнење на батеријата со максимална брзина од 320 километри на час, а максималната носивост е 453 килограми.

- Advertisement -

Тој е дизајниран да полетува и даслетува вертикално како хеликоптер и да премине на хоризонтален лет како авион. Речиси целосно тивко при лет, при полетување и слетување е 100 пати потивко од хеликоптер.

Joby планира масовно производство и обезбедува транспортни услуги по барање на клиентите.

(Beta)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -