Паѓа бројот на домашни туристи

- Advertisement -

Во шпицот на летната сезона статистичарите забележале намалување на домашните туристи во туристичките локалитети низ државата. Според Државниот завод за статистика во август 2024 година, во однос на истиот период лани, има намалување на бројот кај домашните туристи за 1,6%.

Туристите од земјава најмногу ги посетувале Охридско струшката ревијера, планинските предели и градот Скопје. Како една од причините за намалениот број на туристи од земјава, улога има и сивата економија и натаму голем дел од издавачите на приватно сместување не ги пријавуваат гостите и не плаќаат данок на државата. 

- Advertisement -

Хотелиерите сметаат дека онлајн издавањето кое што не е регистрирано, зема голем дел од колачот на туристичките работници кои редовно си ги подмируваат сметките на државата. Тие не се против ваков вид на издавање на соби или станови но, сметаат дека се нелојална конкуренција. 

Генерално туристичката сезона во државава е успешна. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2024 година изнесува 232 576, од кои 48.6 % се домашни туристи, а 51.4 % се странски туристи.

- Advertisement -

Фото – Wikimedia.commons

Сподели!
- Advertisement -